Powered By Blogger

19. 2. 2014.

С. Жуниор: „Никогаш нема да ја заборавам вечерта по Металург„

БРАЗИЛЕЦОТ НЕ ГО ЗАБОРАВА ПЕЛИСТЕР И ЧКЕМБАРИТЕ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА БРАЗИЛСКИ БЛОГ-ПОРТАЛ
 
Во интервју за бразилскиот блог портал „Фудбал со насмевка„ новиот фудбалер на тетовска Шкендија, Стенио Маркос де Фонсека Салазар Жуниор говореше за неговата неполна една година во македонскиот фудбал, најнапред во Пелистер, а сега и во Шкендија.
Тој се навраќа на есенската полусезона во битолскиот прволигаш и издвојува еден момент, кој ќе го памети засекогаш: „Моментот кога постигнав четири гола на еден натпревар, против екипа која никогаш не загубила на домашен терен и победивме со 4:2 никогаш нема да го заборавам. Посебно моментите кога се вративме во Битола и кога славевме со навивачите, кога „Чкембарите„ ме носеа на раце. Ме нарекуваа бразилскиот феномен во Македонија и тогаш бев горд на мојата работа и мојот труд. Тој момент ќе го паметам цел живот„ заклучи 23 годишниот бразилец, кој во Битола освои многу симпатии и ден-денес контактира со некои од неговите бивши соиграчи. Денес Стенио Жуниор настапува за Шкендија и ги брани црвено-црните бои. Во шпицот на нападот наместо со Марјан Алтипармаковски сега игра со хрватот Бојан Вручина и веќе од подготовките во Анталија може да се предвиди дека се раѓа нов силен тандем во мак-фудбалот.  

Нема коментара:

Постави коментар