Powered By Blogger

6. 2. 2014.

Битолските планинари го освоија и Килиманџаро

НОВ ПОДВИГ НА ПЛАНИНАРИТЕ ОД НАШИОТ ГРАД И ОД ПСК „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО„
Да се занимавате со планинарство значи запознавање на убавините на земјите, откривање на сопствените духовни богатства и запознавање на внатрешните способности. Планинарскиот Спортски Клуб „ Димитар Илиевски- Мурато" е дел од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија и ја продолжува традицијата на спортско планинарење.
Клубот од основањето до денес има околу 100 членови од кои поголемиот дел се доста активни, меѓу нив има искусни ветерани планинари а и доста млади членови.
 За краток период од основањето, членовите на клубот имат доста успешни искачувања во земјата и надвор од неа а поголеми се: Монт Блан , Гран Парадисо, Исланд Пик , Олимп, Мусала, Пирин, Триглав, Моунт Казбек , Глосглокнер , Матерхорн а оваа година четворица членови на овој клуб и тоа-Тони Тоскоски, Стефан Танчевски, Оливер Топалзолев и Александар Ивановски, учествуваа во експедицијата за освојување на Килиманџаро.Денес бројните активности на ПСК. Димитар Илиевски -Мурато, се насочени кон инволвирање на млади планинари, нивна обука и тренинг за поголеми предизвици, без разлика дали ќе се бават со рекреативно планинарство или спортско планинарење, како и зачувување на традицијата на предходните генерации планинари кои ја прославија Битола и Р.Македонија. Се искачуваат на 5895 м. надомрска висина и го освојуваат врвот.

Нема коментара:

Постави коментар