Powered By Blogger

5. 2. 2014.

Битолските куглари бронзени во Србија

ГОЛЕМ УСПЕХ НА БИТОЛСКИТЕ КУГЛАРИ ВО СОСЕДНА СРБИЈА
Битолскиот кугларски клуб "Хераклеа" се врати од силниот меѓународен турнир во куглање од соседна Србија со освоен бронзен медал "Освоивме драгоцен пехар во Крагуевац меѓу силните тимови кои се натпреваруваат во Српската супер лига" -изјави претседателот Пеце Димовски веднаш по враќањето во Битола.
Во конкуренција на пет тима, нашиот тим го зазеде респектабилното трето места, додека златни беа кугларските на „Водовод" од Крагуевац. Среброто замина кај кугларскиот клуб "Цар Лазар" од Крушевац "Бевме одлично пречекани од домаќините и увидовме на дело во какви 'софистицирани' услови работат нашите пријатели од соседството и организатори на овој јубилеен турнир - 20 години постоење на Кугларскиот клуб "Шумадија" од Крагуевац" додаде Игор Михајловски, кој исто беше дел од тимот кој се 'закити' со бронзата. Тимот на нашиот кугларски клуб го сочинуваа : Пеце Димовски, Тоде Ристевски, Игор Михајловски, Цане Поповски, Цане Колев, Милош и Кристијан Божиновски, Љупчо Спировски и Драган Младеновски. Мора да напоменеме дека овој тим на КК "Хераклеа" е настанат од фузијата на двата битолски кугларски клубови: КК "Пелистер" и КК "Молика" и оваа година сплотени и посилни атакуваат на што повисок пласман во македонската лига, во која има само клубови кои доаѓаат од главниот град. Почетокот на пролетниот дел од сезоната почнува на 15 февруари против екипата на ГТЦ-Скопје

Нема коментара:

Постави коментар