Powered By Blogger

11. 2. 2014.

Кире и Стефан „растураат„ во бугарските клубови

ОДЛИЧНИ НАСТАПИ НА ДВАЈЦАТА ПОТЕНЦИЈАЛНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ КОИ ИГРААТ ВО БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ
Два одлични пријатели и продукти на школата на Пелистер, дефанзивецот Кире Ристевски и фудбалерот за врска Стефан Спировски играат одличен прв месец во нивните нови клубови, бугарските Славија Софија за Ристевски и Берое за Спировски. Двајцата се незаменливи во своите клубови, играат повеќе од стандардно, дури и одскокнуваат во Анталија, каде нивните клубови се на зимски подготовки. Ристевски беше шеф во одбраната на Славија во третата последователна победа во Анталија.
Црно-белите од Софија го совладаа корејскиот тим Самсунг со 2:0, а битолчанецот кој дојде од албанскиот Балиш го одигра целиот меч на позицијата централен дефанзивец со одлични критики од бугарската јавност. 
Во Берое пак се воодушевени од Стефан Спировски, кому конците на играта му ги довери тренерот на екипата и бившиот репрезентативец на Бугарија, Петр Хубчев. Тој одигра 55 минути и постигна убав гол во победата од 5:1 на бугарските зелени (овој пат во црни дресови) против кинескиот тим Гуанжу Гринтаун. Во 38 минута Спировски прекрасно ја пласираше топката во мрежата на кинезите, во тој момент за 3:0. Спировски пак беше меѓу најактивните во тимот на Берое, кој со Литекс во Ловеч на 23 фебруари го почнува пролетниот дел од бугарското првенство.  

Нема коментара:

Постави коментар