Powered By Blogger

28. 2. 2014.

Загрижува мускулот на Драгарски

ДАЛИ МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ ОПОРАВИ НА ВРЕМЕ ЗА САБОТНИОТ МЕЧ ВО СКОПЈЕ
Кога се чинеше дека се е во најдобар ред и дека Пелистер со комплетен состав ќе патува за Скопје на мегдан против Работнички, загрижува последната вест поврзана со стандардниот младински репрезентативец Христијан Драгарски.
Имено тој почувствува повреда на задниот бутен мускул од левата нога и во претходните два дена не тренираше со екипата и тоа го направи со намален интензитет. Не се работи за ништо сериозно, но Драгарски ќе се бори со времето за да стигне максимално подготвен за саботниот дуел. Овој меч е само најава за големата недела за репрезенативецот, кој треба да ја предводи одбраната на младинската селекција на Бобан Бабунски во Португалија, а наредниот викенд пак меч на националната арена „Филип втори„ во дресот на Пелистер против најлутиот ривал Вардар. Ако Драгарски не биде спремен за мечот од првото пролетно коло, тогаш стручниот штаб на чело со Драган Бочевски ќе мора да бира меѓу Тони Магловски, Ѓорѓи Мојсов или Владица Брдаровски. Што се однесува до остатокот на тимот се е во најдобар ред, па дури во средниот ред има голема конкуренција за 4-5 места. Многу веројатно сигурен е настапот на бугаринот Николај Христов и на Александар Анастасов, кој во средата за прв пат беше повикан во младинската репрезентација. Сите останати подеднакво конкурираат за останатите места, па Елмазовски или Мустафов, Љамчевски или Ристевски, Мојсов, па дури и Љубенов имаат свои опции за почетокот на мечот. Во нападот најверојатно предност ќе добие Димитар Воденичаров, но добри подготовки направија и Дарко Милевски и Благојче Марковски, па нема да биде изненадување и некој од нив да го почне саботниот меч. 

Нема коментара:

Постави коментар