Powered By Blogger

14. 2. 2014.

Во вторник јавна продажба на ФК Пелистер?

ДАЛИ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ПЕЛИСТЕР ДОБИВА ТРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ?
Неофицијалните информации откриваат дека во вторник на 18 фебруари ќе се случи јавната продажба на акциите на ФК Пелистер. Веќе неколку недели се шпекулира со продажбата и со евентуалните нови сопственици, но не се споменуваат имиња и компании како фаворити во наддавањето.
Ова е прва голема шанса Пелистер да добие нов сопственик и трајно да ги реши своите проблеми од егзистенционален карактер. Познати се условите кои треба да ги исполни потенцијалниот газда и според првичните информации тоа не би требало да претставува ниту проблем, ниту тешкотија. Дури и се предвидува трка и битка по акциите на клубот. Но се е во доменот на шпекулации, се додека не дојде до потврда од единствениот акционер на клубот, општина Битола. Општината го трансформираше клубот во акционерско друштво, а потоа од сезона во сезона растеше, од второлигаш, до елитен прволигаш и сега една од екипите која го дели првото место на табелата по есенскиот дел на Првата фудбалска лига. Исто таа поврзан е процесот со реновирање на стадионот или изградба на комплетно нов објект, бидејќи од нешто повеќе од една година и спортските објекти се под надлежност на општина Битола.  

Нема коментара:

Постави коментар