Powered By Blogger

6. 2. 2014.

Битолчанец под знамето на Тимор во Сочи

ПО ДУНИМАГЛОВСКА, МАРКОВСКИ И СТОЈАНОВСКИ, УШТЕ ЕДЕН НАШ СОГРАЃАНИН НА ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА
Битолчанецот Александар Витанов е дел од Зимските олимписки игри во Сочи. Како тренер на олимпискиот тим од Тимор тој и неговите скијачи ќе се борат за што е можно подобар пласман во алпските дисциплини слалом и велеслалом. Витанов е изданок на школата на СК Пелистер и долги години настапуваше на натпреварите низа нашата земја и во странство во потрага по ФИС бодови.
Но се пронајде во Франција каде долго време работи како дел од скијачка школа и го пренесува своето искуство на младите скијачи. Витанов е одличен педагог и несомнено не е изненадување што така млад е успешен и како тренер. Инаку тој ќе биде четврт битолчанец кој ќе биде дел од олимписките игри, иако нема тоа да го направи како натпреварувач. Претходно нашиот град како дел од македонската репрезентација ги претставуваа Весна Дунимагловска, Ѓорѓи Марковски и Александар Стојановски.

Нема коментара:

Постави коментар