Powered By Blogger

27. 8. 2014.

Суперкупот на Романија за Констанца

И БЕЗ ПОЛОВИНА ТИМ ЕКИПАТА НА ШУНДОВСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ПОБЕДУВА
Шампионот и освојувачот на Купот на Романија од синоќа е и освојувач на Суперкупот на оваа земја. Во мечот за титулата, Констанца на македонскиот стручњак Звонко Шундовски го совлада Бакау со 24:21 (13:11)  и ја комплетираше збирката на трофеи.
Иако без половина од минатогодишната екипа, Констанца целосно доминираше против Бакау и од Брашов ја носи како и минатата година првата титула на почетокот од новата сезона. Тома со 8 и Становец со 7 гола беа најефикасни во победничката екипа, а Ракчевиќ постигна 2 гола. Во тимот на Бакау најефикасен беше Вартиќ со 5 гола. Ако во 2013 година беше 23:18, сега со +3 трофејот заврши во Констанца.

Нема коментара:

Постави коментар