Powered By Blogger

10. 8. 2014.

Победа од клупата за Пелистер во Турново

ПРВА ПОБЕДА ВО НОВИОТ ШАМПИОНАТ ЗА ПЕЛИСТЕР ПО ФИНИШ ПОБЕДАТА НА „КУКУШ„ ВО ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 2 коло 

Хоризонт Турново - Пелистер 0:1 (0:0)

Стадион „Кукуш„ - Турново. Гледачи: 1000
Главен судија: Фатон Мустафи (Тетово)
Асистенти: Дејан Костадинов и Марјан Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелци: Љамчевски во 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Ташев (Хоризонт Турново), Анастасов (Пелистер)
Црвени картони: нема

Хоризонт Турново:

Димовски, Ташев, Илиев, Мутафџиски,Мавров, Долапчиев, Ѓорѓиев, Стоилов (од 82м. Кочовски), Пандев, Најденов, Митев


Пелистер:

Пашовски, Динчев, Крстески, Степановски, Петковски, Миленковски (од 59м. Марковски), Анастасов, Мустафов, Трајковски (од 83м. Љамчевски), Ристевски, Ступиќ

По претопло време на стадионот „Кукуш„ во Турново, двете поразени екипи од првото коло бараа поправен испит. Домаќините без Вареловски и Харизанов, а гостите без Тодоровски и Брдаровски почнаа претпазливо. Секуловски го внесе Бурхан Мустафов во средниот ред, а Динчев и Петковски ги сменаа бековските позиции за разлика од пред една недела. Домаќините се заканија во 2 минута кога по центаршутот на Ѓорѓиев, за малку задоцни бугаринот Долапчиев околу петерецот. Пелистер во 8 минута преку Јовче Трајковски создаде контранападм два на еден, но најмадиот на теренот не успеа да додаде до Ступиќ и Мутафчиски успеа да интервенира. По половина час инцидентно се обиде и левоногиот Ѓорѓи Стоилов, но неговиот удар од 20-22 метри заврши над пречката на битолчани. Две минути подоцна прекрасно комбинираа Пандев и Долапчиев, но ударот со глава на бугаринот, гостинскиот капитен Пашовски успеа да го обрани. На осум минути до одморот пелистерци ја имаа најзрелата шанса. Центрираше Трајковски, Филип Миленковски врати околу пеналтикот на ударот на Димче Ристевски кој сите го видоа во мрежата заврши веднаш до десната статива на Димовски. Среќата ги послужи турновци. Израмнето прво полувреме во кое најзрелата шанса ја имаа гостите, но среќата ги помилува црвено-белите. Вториот дел започна со по една зрела шанса за двете екипи. Ударот на Ѓорѓиев од левата страна од 7-8 метри, Пашовски со парада го исфрли во корнер, а по акцијата на Трајковски, Миленковски од работ на казнениот простор го префрли голот. Од 60 минута гостинскиот тренер го внесе Благојче Марковски на местото на Филип Миленковски и со два класични напаѓачи Пелистер гледаше своја шанса за полн плен на „Кукуш„ На 17 минути до крајот Пандев се обиде од слободен удар, но биеше превисоко, па Горан Пашовски немаше потреба да интервенита. Гостите возвратија преку агилниот Трајковски, но неговиот центаршут никој не го зафати во срцето на казнениот простор. Зелените беа поконретни во последните 10-12 минути. Најнапред Анастасов од слободен удар, па Ступиќ со глава се заканија, но нишанеа за малку покрај или над рамката од голот на Димовски. Но во 84 минута капитенот Пашовски го спаси Пелистер откако му одбрани зицер на резервистот Кочовски. Казната за ова промашување стигна две минути подоцна кога уште еден резервист Петар Љамчевски овој пат ја погоди целта. Aнастасов изведе корнер, Љамчевски највисоко скокна на прва статива и со глава во спротивниот агол го матира Димовски. До крајот Пелистер го сочува водството и се радува на голема победа која со оптимизам треба да ја одреди иднината на екипата на Секуловски.   

Нема коментара:

Постави коментар