24.08.2014.

Славија загуби во Пловдив, Ристевски играше цел натпревар

РИСТЕВСКИ СТАНДАРДЕН, СЛАВИЈА ВО КРИЗА НА РЕЗУЛТАТИ
Во еден од најзначајнитен натпревари од 6 коло на бугарскиот шампионат, Ботев во Пловдив го совлада тимот на битолчанецот Кире Ристевски, Славија од Софија со 2:0.
И овој меч како и сите во нашето источно соседство овој викенд имаше сериозни проблеми со лошото време, па беше прекинат заради голема бура на почетокот на вториот дел. Ристевски како и првите пет натпревари играше од првата до последната минута, овој пат како централен дефанзивец. Јирсак во 14 и Балтанов во 53 минута ги постигнаа головите за жолто-црните. По шест кола, Славија Софија е на 10 место од 12 екипи со само 5 освоени бода. Во наредното седмо коло в сабота во Софија гостува Литекс од Ловеч.  

Нема коментара:

Постави коментар