08.08.2014.

Констанца со голема финансиска криза трепери за својата иднина

ШЕСТКРАТНИОТ ПРВАК НА РОМАНИЈА СЕ СООЧУВА СО ЕГЗИСТЕНЦИОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ
Романскиот првак и клубот на Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски, Констанца се соочува со најголемата криза во своето постоење, толку голема што под знак прашалник е нејзината егзистенција.
Извршниот директор на клубот, Нурхан Али, на прес-конференција соопшти дека клубот е во најлоша ситуација во последниве години и дека неговата судбина е во други раце. Проблемот е во тоа што на Констанца ѝ биле одобрени финансиски средства од четири милиони леи, уште во март, но Судот за ревизија ги блокирал парите. Оттогаш клубот влезе во финансиски слободен пад и единствениот спас е Судот да го одблокира овој фонд. Али ќе реагира и во Судот и во Министерството за финансии на Романија само за да се реши ситуацијата, а поддршка доби и од претседателот на Ракометната федерација, Александар Деду. „Јас ќе ги поддржувам овие напори со сѐ што можам да направам“, изјави Деду. Констанца неодамна дури и купи нови ракометари, за да се засили за веројатниот настап во Лигата на шампионите, но сето тоа може да биде попусто. Знаци на немоќ беа покажани и на крајот од минатиот месец, кога наместо на Златибор, клубот остана дома за почеток на подготовките. Екипата на Шундовски и на Агеловски е фаворит во квалификациите за ЛШ, во група со Хаслум, Бешикташ и со Инитија Хаселт.

Нема коментара:

Постави коментар