30.08.2014.

И Давид Поповски потпиша за Младост Царев двор

И МЛАДИОТ ПОПОВСКИ ВО ПОТРАГА ПО МИНУТАЖА ПОТПИША ЗА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР
Младиот фудбалер на Пелистер, кој ги мина сите младински категории во битолскиот клуб, Давид Поповски е уште еден од низата фудбалери од Битола кој потпиша договор со Младост Царев двор.
Младиот фудбалер ќе ја зголеми конкуренцијата во амбициозниот клуб, каде тренер е Васко Стојчевски и се надева на потребна минутажа за стекнување на драгоцено искуство. Клубот од ресенско е преполн од битолчани и тоа од сите возрасни категории. Млади фудбалери како Поповски, Илиоски, Стојановски ќе има што да научат од поискусните како Елмазовски, Лазревски, Тони Вељановски, Коруновски, Пановски и останатите кои добро стартуваа во Втората лига во дресот на ресенските бело-зелени.

Нема коментара:

Постави коментар