09.08.2014.

„Сефте„ за Цапар, утре Китановски дебитира против Партизан

ЗАПОЧНА НОВАТА СРПСКА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА СО УСПЕХ НА БИТОЛСКИОТ ТРЕНЕР ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ
Македонскиот стручњак Драган Канатларовски со победа дебитираше на клупата на Нови Пазар.
Во првото коло од српската Јелен супер лига, која стартуваше денес, Нови Пазар го совлада Рад на домашен терен со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Кецап по инвидуален потег уште во 4 минута од натпреварот. Мечот се одигра по прекрасен амбиент и исполнети трибини, па 5000 домашни навивачи се радуваа на стартна победа во шампионатот на високи очекувања на Нови Пазар. Битолчанецот ова лето ја прифати понудата на Нови Пазар откако во минатата сезона го водеше Спартак од Суботица. Во наредното коло на 16 август, Нови Пазар му гостува на Чукарички. Утре од 17 часот, Вождовац на Томе Китановски дебитира против Партизан во белградската пресметка. 

Нема коментара:

Постави коментар