03.08.2014.

ФОТО: Дербито имаше и убава страна: Чкембари и од тобоганот на Олимпискиот базен навиваа за Пелистер

ПРВОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА НЕ БЕШЕ ТАКА ЦРНО
На теренот прикажаниот фудбал не ги воодушеви љубителите на најубавата споредна работа на светот. Затоа пак на трибините со исклучок на изолираниот инцидент во финишот, се изгледаше прекрасно, со навивачки колорит, со кореографија на „Чкембарите„ и „Комитите„ со стари и нови навивачки рефрени и слично.
Дури и капачите на Олимпискиот базен во Битола, кој се наоѓа веднаш до стадионот, од тобоганот го следеа натпреварот и навиваа за Пелистер. Дербито понуди многу причини за оптимизам во бедниот мак-фудбал, кои се „стопија„ по инцидентот на вардаровиот навивач и полицијата во 89 минута од натпреварот. 

Нема коментара:

Постави коментар