Powered By Blogger

14. 8. 2014.

Постигната согласност за партнерство Мицевски - општина Битола за спас на РК Пелистер?

НАЈАВА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА РК ПЕЛИСТЕР
Дали на повидок се добри вести за иднината на РК Пелистер. Приврзаниците на еден ид најтрофејните македонски клубови веројатно конечно ќе можат да здивнат, бидејќи Силјан Мицевски, сегашниот спонзор на клубот најде партнер во градот Битола, кој ќе помогне на директен начин или преку некои компании. Буџетот останува според планираното, околу 250.000 евра, од што Мицевски би требало да обезбеди нешто повеќе од 100.000 евра, а другото да го обезбеди градот. Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски и Силјан Мицевски, денеска имаа состанок на кој била договорена меѓусебната соработка, а во понеделник ќе се знаат деталите, откако двајцата ќе имаат нов состанок, околу финансиите. Од понеделник или најдоцна среда треба да почнат и подготовките на екипата, иако прашање е колку од играчите што беа планирани да останат, навистина ќе се согласат да го носат зелениот дрес или пак принудно ќе бидат вклучени помлади играчи, засилени со некои интернационалци. Некои играчи си заминаа, најавени се и засилувања, но со сигурност околу изгледот на клубот ќе се знае следната недела.

Нема коментара:

Постави коментар