03.08.2014.

Осум повредени навивачи на Вардар примени во Клиничката болница во Битола

НЕПОВОЛЕН БИЛТЕН ПО ПРВОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА
Осум повредени навивачи се однесени на клиниката во Битола. Како што за Тера изјави за ТЕРА ТВ Јагода Стојановска портпарол на клиничката болница тројца повредени се наоѓаат на одделението за ортопедија од кои еден во тешка здравствена состојба и на негово барање ќе биде пренесен на клиниките во Скопје.
Другите двајца се со полесни повреди и по добивањето медицинска помош ќе бидат пуштени на домашно лекување.На одделението за хирургија се донесени две лица, едно лице е пратено на ушното одделение. Од болницата не можат да дадат точна бројка, оти велат дека пристистигнуваат и други повредени. Повредените се навивачи од трибината каде беше сместена навивачката група Комити. Неофицијално приротехнички средства предизвикале екплозија.

Нема коментара:

Постави коментар