Powered By Blogger

19. 8. 2014.

Мисовски пак на голот на Пелистер

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ, ИСКУСНИОТ ГОЛМАН ПАК СЕ ВРАЌА ВО БИТОЛА
Голманот Петар Мисовски е првото звучно име што битолчани го донесоа. Поранешниот репрезентативен голман со богато меѓународно искуство по двегодишна печалба во Турција се враќа во Битола, што ќе биде неговото трето враќање во тимот.
Пред две сезони беше дел од екипата, а сега управата повторно стапи во контакт со него и договорот е веќе постигнат. Мисовски веќе е во Битола на преговори, а денеска во градот треба да пристигне и Црногорецот Стефан Чавор кој досега настапуваше во Целје во Словенија. Тој треба да остане до петок, и најверојатно да потпише договор со клубот.

Нема коментара:

Постави коментар