Powered By Blogger

16. 8. 2014.

Крим поразен, одлично деби на Бајрамовска

СО ОСУМ ГОЛА БАЈРАМОВСКА СЕ ПРЕТСТАВИ КАКО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СЛОВЕНЕЧКИ КРИМ
Најдобрата битолска ракометарка имаше убаво деби за својот нов клуб од Словенија. Новите клубови на Мирјета Бајрамовска и на Елена Ѓорѓиевска одиграа контролна пресметка на турнир во Букурешт, која ги покажа првите знаци за тоа со каква сила ќе располагаат Крим и Баја Маре.
Како домаќин во Букурешт, Баја Маре на Ѓорѓиевска го декласира Крим со 41:26 и покажа дека планот за квалитетна екипа полека се остварува. Од друга страна, по заминувањето на Пенезиќ, Лазовиќ и на уште некои ракометарки, Мирјета Бајрамовска веднаш се наметна како лидер на екипата на Крим. Иако нејзиниот тим загуби, поранешната репрезентативка постигна дури осум гола и покажа дека Марта Бон направила добра проценка кога ја зема во нејзината екипа. Ѓорѓиевска придонесе со еден погодок во победата на Баја Маре.

Нема коментара:

Постави коментар