Powered By Blogger

4. 8. 2014.

ФОТО: Чкембарите со целосна подршка за повредениот навивач

ПОВРЕДЕНИОТ НАВИВАЧ ТРАНСПОРТИРАН ВО СКОПЈЕ ПО АМПУТАЦИЈАТА НА РАКАТА
За време на ноќта навивачот на Вардар кој настрада од шок-бомбата при излегувањето на „комитите„од малата трибина на стадионот под Тумбе кафе, беше пренесен во Скопје, откако му беше ампутирана раката.
До долго во ноќта додека бидат створени услови за негово транспортирање во Скопје, навивачите и на Вардар и на Пелистер беа со повредениот навивач кој во добра состојба по ампутацијата веќе пристигна во својот роден град. Сите обидинети сочувствуваат со навивачот кој настрада при еден илозиран инцидент. Со оглед на тоа што натпреварот беше од висок ризок, организаторот има дополнителни видео материјали кои потврдуваат дека натпреварот беше одлично организиран и дека инцидентот кој се случи не ја одсликува целата слика која во Битола до тој момент пренесуваше позитивна порака. За жал се случи настан кој може целосно да ја затвори вратата на гостински патувања на македонските терени. 

Нема коментара:

Постави коментар