Powered By Blogger

8. 8. 2014.

Никола Гоновски нов член на Напредок

МЛАДИОТ ГОЛМАН СТАНА ТРЕТ БИТОЛЧАНЕЦ ВО КИЧЕВСКИ НАПРЕДОК ОВАА СЕЗОНА
Одсекогаш присутната битолска колонија во кичевски Напредок доби нов член. Потврден е договорот на младиот голман од академијата на Пелистер, Никола Гоновски со екипата која минатата сезона испадна од Првата лига.
Гоновски е трет битолчанец по Кире Степановски и Антонио Грујовски, кој потпиша за небеско сините. Покрај за младинските категории на Пелистер и во еден период за сениорската екипа, Гоновски минатата сезона во Втората лига го бранеше голот на 11 Октомври. Заради суспензија ќе го пропушти градското дерби со Влазрими во првото коло, но подоцна ќе го чува голот на Напредок.  

Нема коментара:

Постави коментар