09.08.2014.

Мехелен поразен во мечот на српските стрелци

ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ ПОВЕДОА И ИМАА КОНТРОЛА, НО КОРТРИЈК ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НАПРАВИ ПРЕСВРТ И ГО ОДНЕСЕ ЦЕЛ ПЛЕН
Во вториот меч од третото коло на белгиската Жупилер лига, Мехелен на Томе Пачовски иако долго време водеше на крајот загуби од Кортријк со 2:1. Битолчанецот 90 минути беше на голот на црвено-жолтите, кои со голот на Косановиќ од пенал во 27 минута поведе со 1:0 и со тој резултат отидоа на одмор. Павловиќ на додавање на хрватот Сантини израмни во 68 минута за Кортријк. Во последната фаза од мечот двете екипи тргнаа на победа и клучен момент беше исклучувањето на Де Петер во 73 минута. Три минути подоцна Кортријк поведе со голот на Марушиќ и тоа водство го сочува до самиот крај. Во наредното четврто коло, Мехелен на 16 август му гостува на Остенде. Утревечер од 20 часот Зулте Варегем на Александар Трајковски го дочекува Бриж во еден од поинтересните мечеви на викендот во белгиската лига.   

Нема коментара:

Постави коментар