Powered By Blogger

24. 8. 2014.

Новески повреден и заменет, Мајнц ремизираше во Падерборн

И ВО НОВИОТ ШАМПИОНАТ НА ГЕРМАНИЈА, БИТОЛЧАНЕЦОТ КАПИТЕН НА МАЈНЦ 05
Во претпоследниот натпревар од првото коло на новата Бундеслига, капитенот на Мајнц 05 Николче Новески беше во стартниот тим и покрај најавите дека неговото место не му е загарантирано по доаѓањето на новиот тренер.
На гостувањето кај новиот бундеслигаш Падерборн, тој сепак бепе заменет во 52 минута заради повреда при резултат 1:1 а на негово место во игра влезе Хара. Црвените од Мајнц поведоа благодарение на јапонецот Оказаки. Но 4 минути подоцна Качунга го постигна израмнувачкиот гол за Падерборн. Кога сите помислија дека ремито ќе биде конечен резултат Хунемајер во 87 минута му донесе водство на домашните фудбалери (2:1). Но длабоко во судиското надополнувањее кореанецот Чеол ја задоволи правдата и ги постави финалните 2:2. За екипата на Мајнц дебитираше српскиот интернационалец Џуришиќ, кој дојде на одстапка од Бенфика. Во наредното второ коло, Мајнц на домашен терен игра со Хановер наредната сабота од 15:30 часот.

Нема коментара:

Постави коментар