Powered By Blogger

19. 8. 2014.

Златко Мојсоски, Чавор, можеби и Пецаковски во новиот Пелистер

КОНСОЛИДИРАЊЕ И ЗАСИЛУВАЊЕ НА ИГРАЧКИОТ КАДАР НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Иако задоцнето новиот Пелистер оваа недела треба да добие структура и на организационен и на играчки план. Спонзорот Силјан Мицевски до крајот на неделата треба да го официјализира тоа што било договорено минатата недела со општинските власти.
Имено клубот преку општината, серија на спонзори и Силјан Мицевски ќе функционира во иднина со задолжителната трансформација и најава за компетитивен тим. Тренерот Игор Николовски вчера ја имаше првата прозивка, на која бројот на професионални ракометари беше мал, а загрижуваат и повредите на младите Дрогришки и Кузмановски, кои од настапите за младинската и кадетската репрезентација се вратија повредени. Деновиве во Битола е и репрезентативецот Златко Мојсоски, кој по цела една деценија треба да се врати во клубот кој го лансираше во ракометната орбита. Мојсоски треба да биде големо засилување за Пелистер, исто како и долго најавуваното засилување Чавор, кој доаѓа од Цеље Пивоварна Лашко. Се очекува потврда за продолжување на договорот со францускиот голман Крис Нкунгуа, кој трета сезона ќе го носи дресот на битолчани. Од многубројните странци кои минатата сезона играа за Пелистер, единствено Бесараб најверојатно ќе остане. Во последен момент се укажува шанса за враќање и на Дејан Пецаковски, кој имаше договорен трансфер во ОАЕ, но со оглед на тоа што настанаа компликации, доколку репрезентативецот остане во Македонија, има шанси да го облече зелениот дрес. Исто така оваа недела ќе се знае и деталниот план на подготовки и серијата контролни средби. Пелистер по една сезона се враќа во Европа и ќе игра со чешката Дукла Прага во ноември во рамките на второто коло од Челинџ Купот.  

Нема коментара:

Постави коментар