Powered By Blogger

6. 8. 2014.

Работнички го обезбеди талентираниот Јоциќ од Пелистер

ТАЛЕНТИРАНИОТ ЈОЦИЌ ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР ЗА ДА МУ ПРИСТАПИ НА РАБОТНИЧКИ
Еден од најталентираните фудбалери од школата на Пелистер, 17 годишниот Дарко Јоциќ од денес е нов член на Работнички. Левиот бек на младинската екипа на Пелистер, кој веќе дебитираше за сениорската екипа и минатата сезона одигра два натпревари, му пристапи на дебармаалци како слободен фудбалер.
Скопјани брзо реагираа и го препознаа талентот на Јоциќ и тој откако во неделата беше на клупата за резервни фудбалери против Вардар, го напушти матичниот клуб и се пресели во Работнички. Првакот од секогаш се потпирал на талентирани фудбалери од школата на Пелистер. Па така по Брдаровски и Маневски, кој минатата сезона им ја донесе титулата, сега за краток период потпиша договор со Алтипармаковски и го донесе талентираниот Јоциќ.

Нема коментара:

Постави коментар