Powered By Blogger

28. 8. 2014.

Борче Марковски повторно тренер на ЖРК Пелистер

ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ ВО БИТОЛА СО ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ ВО СУПЕР ЛИГАТА СО СТАРО-НОВИОТ ТРЕНЕР
По кратка пауза, Битола доби нов женски ракометен суперлигаш, кој оваа сезона влегува во битка со преостанатите женски ракометни клубови за што подобар пласман.
За тоа како се одвиваат подготовките во клубот за наредната ракометна сезона, претседателот на Пелистер 2012, Јован Василев рече:Подготовките за оваа сезона ги започнавме пред една седмица, а од понеделникот ги предводи нашиот искусен тренер, битолчанецот Борче Марковски. На првата прозивка се појавија 18 ракометарки, број кој е доволен, но тренерот од страна на Управата на клубот доби одврзани раце да преговора со уште две искусни ракометарки, на позицијата голман и повотмен. До овие две засилувања, кои се надеваме дека ќе ги реализираме, ќе имаме добра и конкурентна екипа. Кога сум кај плановите за наредната сезона, Управата на клубот има амбиции оваа екипа да се најде во средината на табелата, а секако наша најголема цел оваа сезона е да “извадиме“ и некоја квалитетна ракометарка од нашата младинска екипа, која веќе од идната сезона ќе биде стандардна првотимка„. Целта е клубот да стане стабилен суперлигаш и овој спорт со традиција во нашиот град, пак да заживее.

Нема коментара:

Постави коментар