Powered By Blogger

15. 8. 2014.

Битолски талент потпиша за „Академија Пандев„

НАДАРЕНИОТ ТРАПАНОВСКИ ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА ТАЛЕНТ ПОТПИША ЗА АКАДЕМИЈАТА НА ГОРАН ПАНДЕВ
Уште едно талентирано битолско момче се наметнува на национално ниво. Имено талентираниот пионерски репрезентативец Кристијан  Трапановски од фудбалската школа „Талент„ на Златко Цветановски направи трансфер во „Академија Пандев„ каде е забележан со своите игри, талент и залагање. Трапановски ќе се пресели во Струмица и ќе биде дел од со години градената академија на најдобриот македонски фудбалер, Горан  Пандев, која за неполна година ќе добие и нов свој комплекс. Со ова се потврдува добрата работа на школата „Талент„ и талентираноста на момците од битолскиот регион. 

Нема коментара:

Постави коментар