Powered By Blogger

25. 8. 2014.

Нова епизода од сапуницата „ФК Пелистер„ в среда на седница на совет

АКО ПРВЕНСТВЕНИОТ МЕЧ СО РАБОТНИЧКИ В СРЕДА МУ Е ВАЖЕН, УШТЕ ПОВАЖНА Е КЛУБСКАТА ЕГЗИСТЕНЦИЈА КОЈА ЌЕ СЕ РЕШАВА ИСТИОТ ДЕН


Советниците в среда ќе расправаат за одлуката за овластување на Градоначалникот на Општината Битола за склучување на договор за продажба на акциите во сопственост на Општината Битола во Друштвото за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА со најповолниот понудувач во која ќе се утврди начинот на продажба согласно Законот за хартии од вредност. Во членот два од оваа одлука стои:

„ Купувач на акциите сопственост на Општина Битола под услови наведени во договорот е Гавриил Папанастасатос, ул.Антонијасиела бр.8-13, Рига, Латвија. Во случај на неисполнување на одредбите од договорот од страна на купувачот на акциите од став 1, како нареден купувач е „ЦЕРМАТ" ДОО Битола, под услови наведени во договорот кој е составен дел на оваа одлука" стои во одлуката за која ќе се гласа.

Нема коментара:

Постави коментар