06.08.2014.

ФФМ му даде право на ФК Пелистер: Стадионот беше безбеден, клубот ги изврши потребните корекции


СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА БИЛ БЕЗБЕДЕН ЗА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„
По повод забелешките дека телото за инфраструктура на ФФМ не требало да даде зелено светло за одигрување на прволигашкиот натпревар помеѓу Пелистер и Вардар на Тумбе кафе, телото при ФФМ даде известување до јавноста за превземените мерки од страна на соспствениците на стадионот во правец на отстранување на недостатоците, поткрепено со фото-документација.

Имено, телото за инфраструктура изврши увид на стадионот Тумбекафе во Битола на 24.06.2014 година, при што утврди дека во делот на услови за безбедност, влезовите, вратите за евакуација од трибина кон терен и скалите на главната трибина каде што се движат гледачите не се според член 6 од Правилникот за инфраструктура на ФФМ. По укажувањето од страна на телото за инфраструктура, за недостатоците утврдени при посетата, од страна на сопственикот на стадионот беа извршени корекции согласно забелешките. 
На повторната посета на 29.07.2014 година, беше констатирано дека е извршена реконструкција и унапредување на подтрибинскиот простор и соблекувалните на стадионот, дека сите јавни премини и приоди во областа каде што се наоѓаат гледачите се јасно обележани, а дека сите врати што водат од областа на гледачите (домашни и гостински) во областа кон теренот за игра се бојадисани во светла т.е жолта боја, како што налага правилникот. Телото за инфраструктура сугерираше и дека за време на натпреварот организаторот мора да превземе мерки и активности, така што сите излезни врати што водат од областа на гледачите кон областа на теренот да бидат отворени и да можат да се отклучат од внатре додека гледачите се на стадионот.
Со цел да се спречи недозволено влегување на стадионот (теренот) вратите мора да бидат обезбедени со систем за заклучување што може одвнатре лесно и брзо да се отвори. За време на натпреварот, вратата за евакуација на дел од трибината каде што беа сместени гостински навивачи, беше уредно бојадисана во жолта боја, излезите за евакуација од трибина према терен се во доволен број со оглед на капацитетот на трибината. Беше и констатирано дека постои врата за излез на навивачите од трибина кон областа надвор од стадионот.
 Комесарот за безбедност на ФК Пелистер, обезбедил вратите за евакуација од трибина кон терен да бидат отклучени со цел да истите бидат користени во случај на евакуација гледачите.

Нема коментара:

Постави коментар