Powered By Blogger

27. 8. 2014.

Беса на Томче Петрески на турнеа во Македонија

СТАРО-НОВАТА ЕКИПА НА ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ ВО СЕРИЈА НА КОНТРОЛНИ МЕЧЕВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА
Првакот на Косово, Беса каде тренер е Томче Петрески од денес е во Македонија, каде ќе одигра серија на пријателски мечеви. Струмичките „рисови“ на домашен терен ќе одиграат две средби против косовската екипа Беса.
Екипата од Пеќ веќе неколку пати има гостувано во Струмица и речиси секој припремен период овие два тима играат контролни натпревари. Првиот меч меѓу двата тима се игра денес од 20 часот, додека вториот многу веројатно ќе се игра утре и времето на одигрување дополнително ќе биде објавено. Влезот на двете средби е слободен. Следуваат два теста на Беса против Прилеп и в уште еден против Вардар 2 или Металург Јуниор. 

Нема коментара:

Постави коментар