24.08.2014.

Берое поведе, па невремето го помести мечот за денес

ВРЕМЕНСКОТО НЕВРЕМЕ ГИ ПРИНУДИ ФУДБАЛЕРИТЕ НА БЕРОЕ И ХАСКОВО ДА ДОИГРУВААТ ДЕНЕС ВО СТАРА ЗАГОРА
Во рамките на шестото коло од Првата бугарска лига, големо невреме ја погоди синоќа Стара Загора и тоа влијаеше и врз фудбалскиот натпревар помеѓу Берое и Хасково.
Имено тимот на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски водеше со 2:0, пред да настане големо невреме со дожд и ветер, кое го принуди главниот судија Драгомир Драганов од Варна да го прекине мечот на крајот од првото полувреме. Стрелци за домашните зелени беа Венцислав Христов во 32 и Жуниор Напуку во 45 минута. Нашиот Спировски чека шанса од клупата, како и на претходните мечеви. Бугарската федерација одлучи мечот да се доигра денес почнувајќи од  19 часот. Попладнево од 16:45 во Пловдив, Славија на Кире Ристевски му гостува на Ботев, во еден од трите неделни натпревари. 

Нема коментара:

Постави коментар