30.08.2014.

Констанца пронајде пари, Шундовски и Ангеловски остануваат

РОМАНСКИОТ ПРВАК ГИ РЕШИ ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ И МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОСТАНУВААТ 
Градскиот совет на Констанца излезе во пресрет и го спаси клубот на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски.
Според новинската агенција „Медиафакс“, клубот добил финансиска инјекција од  1,5 милиони романски леи (околу 340.000 евра), што претставува повеќе една третина од средствата кои клубот ги очекуваше од министерството за финансии. Сепак, ова е само прва рата од поддршката која градот ќе му ја даде на клубот оваа сезона и засега е доволна за да се исплати дел од неподмирените плати и да го одржи клубот до јануари кога ќе биде одобрен новиот буџет. Меѓутоа уште поважно, доволно е за клубот да застане на нозе и да ги одигра квалификациите во ЛШ, идниот викенд. Ова, веројатно, ќе значи дека Шундовски и Ангеловски ќе останат во Констанца. Македонскиот стратег успеа и со проблеми и со десеткуван состав пред четири дена да го освои Суперкупот на Романија. Сега следната задача се квалификациите во Лигата на шампионите, во кои Констанца е фаворит против Инитија Хаселт, Хаслум и Бешикташ.

Нема коментара:

Постави коментар