14.08.2014.

Роберт Стамболџиев ќе игра за Македонија?

ПОЗАБОРАВЕНИОТ АВСТРАЛИЕЦ НА ПАТ ДА ЗАИГРА ЗА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
23 годишниот австралиец со македонско потекло Роберт Стамболџиев би можел да заигра за македонската фудбалска репрезентација. Момчето кое е родено во Мелбурн, но потеклото на неговите родители е до битолско, иако има 7 настапи и 2 гола за австралиската млада репрезентација, може да заигра за нашиот најсилен состав според новите правила на ФИФА. Стамболџиев е веќе афирмиран фудбалер за врска, кој најчесто во својата кариера играше во левата страна, кој од 2009 година настапува во Грција и Кипар. Кариерата ја започна во Престон Лајонс, а од 2009 година е во Европа кога се пресели во Панатинаикос и беше во ростерот кој стана првак на Грција во сезоната 2010/11. По две сезони минати во атинските „зелени„ мина во Кавала, па Продефтики, Трасиволос, за во 2012 година да заврши на Кипар во дресот на Олимпијакос Никозија. На Кипар играше уште за АЕК Куклиа, а пред неколку дена потпиша за Ники Волос. За заборавениот македонец веќе започна процедурата за македонски пасош, а нескриен е и интересот на првите луѓе на нашата репрезентација за негово повикување на некој нареден тест натпревар.  

Нема коментара:

Постави коментар