09.08.2014.

Прв пораз во новата сезона за Славија и Кире Ристевски

СОФИСКОТО ДЕРБИ ЗА ЛОКОМОТИВ, РИСТЕВСКИ ОДИГРА 90 МИНУТИ ЗА СЛАВИЈА
Во градското дерби од четвртото коло на бугарското фудбалско првенство, Локомотив од Софија ја совлада Славија со 1:0 со голо на Иванов во судиското надополнување на првото полувреме.
Во тежок, неизвесен и тензичен натпревар, репрезентативецот на Македонија, Кире Ристевски ги одигра сите 90 минути како централен дефанзивец во гостинската екипа. По овој пораз, по четири кола црно-белите остануваат на 5 бода и во наредното петто коло го дочекуваат Берое на 16 август. Токму Берое на Стефан Спировски утре од 19 часот во Стара Загора ќе го предизвика Левски во второто дерби на колото. 

Нема коментара:

Постави коментар