Powered By Blogger

4. 8. 2014.

Како дошла шок-бомбата во раката на навивачот на Вардар?

ЕДЕН ВИД РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАСТАНИТЕ СИНОЌА ВО БИТОЛА, ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ НА ПОЛИЦИЈАТА
Г.Н. (37) е навивачот што вчера доби тешки повреди на левата рака за време на натпреварот меѓу Вардар и Пелистер во Битола. На „комитата", кој меѓу навивачите е познат како „Турчин", тешко му е повредена дланката и сè уште нема информации од скопските клиники за евентуалните последици по повредата.
Според сè уште непотврдени информации, Г.Н. ја загубил дланката од шок-бомба, а има многу шпекулации како таа се нашла во неговата рака. Во МВР за денеска најавуваат официјална информација за инцидентот. Според неофицијалните информации, шок-бомбата била украдена од еден од полицајците и поради незнаење како се ракува со неа, таа му пукнала во рака на навивачот. Очевидци, пак, велат дека полицаец ја фрлил шок-бомбата кон групата навивачи, по што Г.Н. се обидел да ја земе и да ја фрли на теренот.

www.mkd.mk

Нема коментара:

Постави коментар