Powered By Blogger

16. 8. 2014.

Алтипармаковски со нови два гола го „разбуди„ Работнички

НОВИОТ НАПАЃАЧ НА РАБОТНИЧКИ ВЕЌЕ ПОЧНА ДА ИМ СЕ ИСПЛАЌА НА СКОПЈАНИ
Фудбалерите на актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Работнички, со 3:1 го совладаа Тетекс за своите први бодови во новото првенство, дури во мечот од третотоколо на Првата лига, кој се одигра вечерва на арената „Филип Втори“.
 Херој на „романтичарите“ со два постигнати гола беше новиот напаѓач, битолчанецот Марјан Алтипармаковски, кој минатата сезона настапуваше во дресот на грчки Панилиакос. Вештиот стрелец убаво се снајде во две ситуации, еднаш со левата нога и еднаш со глава и на својот нов тим му ја донесе првата победа со која се одлепи од дното на прволигашката табела. За домашната екипа погоди уште Стефан Вујчиќ, а за тетовчани бразилецот Жаиме.

Нема коментара:

Постави коментар