Powered By Blogger

9. 8. 2014.

„Чкембарите„ тргнуваат на првото гостување во сезоната

НА ТЕРЕНОТ НА ХОРИЗОНТ ТУРНОВО, ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ СО ПОМОШ ОД „ЧКЕМБАРИТЕ„ НА ТРИБИНИТЕ
Седум дена по „вечното дерби„ и инцидентите во финишот на средбата, навивачите на Пелистер го подготвуваат првото гостување. Утре од 13 часот армијата битолски навивачи ќе тргне за Турново, каде ќе биде 12 играч на избраниците на Марјан Секуловски. „Чкембарите„ предминатата година последен пат гостуваа во Турново на мечот кој заврши 2:2, а минатата сезона два пати не допатуваа. Тогаш во првиот меч Пелистер славеше со 2:0, а во вториот загуби со 1:0. Како ли ќе биде утре попладне на „Кукуш„

Нема коментара:

Постави коментар