Powered By Blogger

24. 8. 2014.

Мехелен без Пачовски го изненади големиот Бриж

НАЈАВИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА ЗА МЕХЕЛЕН, НО ПАЧОВСКИ ПАК МОРАШЕ НА КЛУПАТА
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски, втор меч по ред не се најде на голот на Мехелен, но неговата екипа успеа да ја прекине црната серија и тоа против силниот Бриж.
Црвено-жолтите го совладаа тимот на Пруд Ом со 3:1, со одлична игра во второто полувреме. Симонс од пенал во 10 минута го доведе Бриж во водство, но екипата на српскиот тренер Јанковиќ израмни преку Веселиновиќ исто така од пенал во 25 минута. Во вториот дел плаво-црните од Бриж имаа свои шанси, но погодуваа домаќините. Кордаро во 50 и Клас во 92 минута на Мехелен му донесоа голем триумф на фудбалерите на Мехелен, втор во пет меча оваа есен во Жупилер ПРО лигата. Со овие три бода екипата на Пачовски скокна на деветтото место со 6 бода, како и Генк. Во наредното шесто коло на 31 август, Мехелен му гостува на Шарлоа. 

Нема коментара:

Постави коментар