24.08.2014.

Првенец на Спировски, Берое хит во бугарската лига

ЕКИПАТА НА БИТОЛЧАНЕЦОТ СПИРОВСКИ, ХИТ ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го постигна првиот гол во сезоната во бугарскиот шампионат, во победата на Берое над Хасково од 3:0.
Специфично е што овој меч започна синоќа, а по прекинот заради големото невреме од дожд и ветер се доигра вечерва. Мечот беше прекинат на крајот од првиот дел при 2:0 за Берое со головите на Христов и Жуниор Мпија Мапуку. Битолчанецот влезе во игра денес на почетокот на второто полувреме на местото на Ајас и во 82 минута со прекрасен удар ја запечати судбината на Хасково. Добар сигнал за селекторот Ѓуровски пред квалификационото деби со Шпанија. Берое, чиј тренер е бившиот бугарски репрезентативец Петар Хубчев, одлично го почна шампионатот и има 11 бода по 6 натпревари на делба на второто, третото и четвртото место.  

Нема коментара:

Постави коментар