25.08.2014.

Против Шпанија со тројца битолчани, но без Бабунски, Ивановски, Тричковски

СЕЛЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО МНОГУ ЧУДЕН ИЗБОР НА ФУДБАЛЕРИ ЗА МЕЧОТ СО ШПАНИЈА ВО ВАЛЕНСИЈА
Контроверзен избор на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски за првиот меч од квалификациите за ЕП во Франција 2016.
Имено новиот предводник не ги зеде во предвид за мечот со европскиот првак ниту Давид Бабунски, Дејан Блажевски, Мирко Ивановски и Иван Тричковски. Во изборот од 23 имиња се наоѓаат и тројца битолчани: капитенот Пачовски, Ристевски и Спировски. Мечот Шпанија - Македонија се игра во Валенсија на стадионот на Валенсија на 8 септември.

ГОЛМАНИ
1. Томе Пачовски (Мехелен, Белгија)
2. Мартин Богатинов (Ермис, Кипар)
3. Кристијан Наумовски (Левски, Бугарија)

ОДБРАНА
4. Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија)
5. Даниел Мојсов (Бран, Норвешка)
6. Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија)
7. Ардијан Цуцули (Партизани, Албанија)
8. Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија)
9. Дарко Глишиќ (Вардар)
10. Стефан Ристовски (Парма, Италија)
11. Александар Тодоровски (Штурм, Австрија)
12. Кире Ристевски (Славија Софија, Бугарија)

СРЕДЕН РЕД
13. Аријан Адеми (Динамо З., Хрватска)
14. Стефан Спировски (Берое, Бугарија)
15. Мухамед Демири (Сент Гален, Швајцарија)
16. Марјан Радески (Металург)
17. Ферхан Хасани (Брондби, Данска)
18. Александар Трајковски (Цулте Варегем, Белгија)

НАПАД
19. Агим Ибраими (Марибор, Словенија)
20. Адис Јаховиќ (Ријека, Хрватска)
21. Јован Костовски (Леувен, Белгија)
22. Крсте Велкоски (Сараево, БиХ)

23. Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија)

Нема коментара:

Постави коментар