08.08.2014.

И Јанев си пронајде нов клуб, напуштајќи го Пелистер

УШТЕ ЕДЕН РАКОМЕТАР ГО НАПУШТА ПЕЛИСТЕР ЗА ДА ИГРА ЗА ЗОМИМАК М
Кружниот напаѓач на Пелистер, Дарко Јанев, по само шест месеци минати во клубот по веаќањето од Катар, го напушта битолскиот клуб и заминува во редовите на Зомимак М од Струмица.
Јанев е само уште еден ракометар во низа, кој што во последниот период, премина од битолскиот во струмичкиот суперлигаш. Тој покрај за Пелистер, на домашна сцена има настапувано и за екипите на  Вардар и на Куманово, како и во Катар. Јанев веќе се приклучи на подготовките на клубот, во Банско, и се очекува во следниот период, да биде официјализиран трансферот од страна на клубот.

Нема коментара:

Постави коментар