05.08.2014.

Антонио Грујовски се договори со Напредок

БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРА ЗАМИНУВАЊЕТО ВО НАПРЕДОК
24 годишниот фудбалер за врска кој поникна во редовите на битолски Пелистер, Антонио Грујовски од вчера е нов член на кичевски Напредок.
Фудбалерот за врска се одлучи за понудата на второлигашот и покрај уште неколку опции и оваа сезона ќе се обиде експресно да ги врати кичевските небеско сини во елитното друштво. Грујовски до минатата година настапуваше за Македонија Ѓ.П. а претходно ги бранеше боите и на Пелистер и на Еуромилк. Во Напредок настапува и бившиот голман на Пелистер, Никола Гоновски.

Нема коментара:

Постави коментар