Powered By Blogger

25. 8. 2014.

Новески неколку недели во аут заради повреда на лигаментите

ЛОШ ПОЧЕТОК НА БУНДЕСЛИГАТА НА БИВШИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Македонскиот интернационалец и поранешен капитен на репрезентацијата, битолчанецот Николче Новески, фудбалерот на бундеслигашот Мајнц вчера против Падерборн беше малерозен и првиот меч во новата сезона го заврши по неполн час, откако мораше да излезе од игра поради повреда.
Германските медиуми денеска објавија дека Новески има повреда на лигаментите на левото колено, па поради тоа потребно е да мирува неколку недели и толкав период нема да биде во конкуренција за тимот на Мајнц. „Мислев дека не е така лошо. Но, излезе дека има истегнување на лигаментите“ рече Новески за медиумите.

Нема коментара:

Постави коментар