Powered By Blogger

5. 8. 2014.

„Комитите„ ограбиле бензиска пумпа на враќање од Битола

ДОПОЛНИТЕЛНО СООПШТЕНИЕ НА МВР ЗА ПОМАЛ ИНЦИДЕНТ НА „КОМИТИТЕ„ НА ВРАЌАЊЕ ОД БИТОЛА
Со дополнително соопштение МВР дополни дека на враќање од Битола, вардаровите навивачи ограбиле бензиска пумпа кај Дреново и биле снимени на заштитните камери на објектот:
„На ден 03.08.2014 година во 23.00 часот во ПС ОН Кавадарци се јави лицето И.Ј., вработен во бензинска пумпа Макпетрол Дреново и пријави дека вечерта околу 22.00 часот додека бил на работа, на бензинската застанал автобус со навивачи од Скопје, кои се враќале од Битола. Откако си заминале, истиот пријавил дека на безбедносната камера видел како во згодна прилика од некои навивачи од фрижидерот му биле одземени повеќе 30 парчиња разни сладоледи, а од внатре од рафтовите еден дезодоранс и разна прехрамбена роба, за која дополнително ќе утврдат што точно им е одземено и заедно со видео материјалот накнадно ќе достават пријава„ стои во соопштението на МВР.

Нема коментара:

Постави коментар