Powered By Blogger

25. 8. 2014.

Ангеловски го раскина договорот со Констанца

ИСКУСНИОТ БИТОЛСКИ РАКОМЕТАР ПО НЕКОЛКУ УСПЕШНИ СЕЗОНИ СПОГОДБЕНО ГО НАПУШТИ РОМАНСКИОТ ПРВАК КОНСТАНЦА
Македонскиот интернационале Бранислав Ангеловски повеќе не е член на Констанца откако го раскина договорот со актуелниот романски шампион.
Како што е веќе познато, Констанца се соочува со огромни финансиски проблеми поради кои дел од ракометарите веќе го напуштија клубот. Иако покажа големо трпение во надеж дека ситуацијата во клубот ќе се подобри, битолчанецот сепак на крајот донесе одлука за заминување. За очекување е во следниот период кормилото на романскиот шампион да го напушти и македонскиот стратег Звонко Шундовски, кој имаше одлични резултати со Констанца, но за жал нема да може да ја зголеми колекцијата на освоени трофеи поради огромните финансиски проблеми со кои се соочува клубот.

Нема коментара:

Постави коментар