27.08.2014.

Пелистер знае да победува и на домашен терен

ПО ДВА ПОРАЗИ ПОД ТУМБЕ КАФЕ, ЗЕЛЕНИТЕ ВЕРУВААТ ВО ПРВА ДОМАШНА РАДОСТ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ
Неколку месечниот процес за продажба на ФК Пелистер ризикива и оваа недела во втор план да ги стави натпреварите и прогресот на екипата на Марјан Секуловски.
Така по трите бода освоени во Тетово против Ренова, зелените сега очекуваат позитивни вести од денешната седница на советот на општината за тоа во чии раце ќе заврши клубот, а истовремето мора да играат против шампионот во Битола. Во најнезгоден час доаѓа една од најквалитетните екипи во лигата, иако стартот на првакот не е ни приближен од очекувањата. Пелистерци препознаваат дека ова е клучен период од есенскиот дел со многу натпревари еден по друг и нема да биде лесно да се сочува свежината. „Противникот е достоен за респект и заради титулата која ја освоија и заради играчкиот кадар кој го поседуваат. Мислам дека нашите навивачи заслужуваат да ги израдуваме и иако игравме многу солидно против Вардар и Металург, среќата ни го сврте грбот. Сега верувам дека тие мали детали ќе бидат на наша страна и ние ќе се радуваме„ вели шефот на одбраната на Пелистер, Менде Степановски. За прв пат Пелистер ќе игра против својот бивш напаѓач Марјан Алтипармаковски, кој во два наврати го носеше зелениот дрес, а и тренираше со Пелистер се до почетокот на јули кога ја прифати понудата на дебармаалци.

Нема коментара:

Постави коментар