23.08.2014.

Пелистер во Тетово го брка пропуштеното со Металург

ПРЕД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РЕНОВА УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ МЕЃУ ИЗБРАНИЦИТЕ НА МИЛЕ ПЕТКОВСКИ
Оваа есен сите четири официјални средби на Пелистер завршија со гостинска победа, па битолчани се надеваат дека така ќе продолжи и по петтиот натпревар и гостувањето кај Ренова во Тетово.
Мечевите со „гипсарите„ за битолчани се секогаш непредвидливи, па така често губеле под Тумбе кафе и победувале под Шара. По Куп успехот во Охрид и победата од 0:2 против Вулкан, се вратија насмевките на лицата на симпатизерите на зелените,  но силниот ритам на натпревари само што не започнал. Тренерот Секуловски се радува на формата на напаѓачот Марковски и на опоравувањето на Брдаровски, но знае дека против себе Пелистер има респектабилен противник. Што се однесува до екипата главно одбраната и бековските позиции се грижи за Секуловски, иако верува дека тимот кој ќе го извади ќе биде компетитивен: „Мислам дека не заслуживме пораз со Металург. Создадовме многу шанси и ако реализацијата ни беше како што треба да биде, сигурно ќе славевме. Верувам дека тие бодови ќе ги надополниме на некое гостување. Против Ренова е секогаш тешко, бидејќи тие имаат технички поткована екипа и одлични инвидуалци. Но мислам дека нашата игра не им одговара на противниците и ќе создадеме проблеми за екипата на Ренова„ рече Миле Петковски во пресрет на патувањето за Тетово. Минатата сезона во Тетово по еднаш се радуваа и Пелистер и Ренова во мечевите кои завршија 2:1, по еднаш за секој од ривалите.



Нема коментара:

Постави коментар