Powered By Blogger

16. 8. 2014.

Продолжува позитивниот момент на Канатларовски во Србија

РЕМИ ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ЧУКАРИЧКИ ЗА НОВИ ПАЗАР НА ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ
Бившиот селектор на македонската фудбалска репрезентација не само што минатата година го препороди Спартак од Суботица, туку сега по истиот пат оди и со вториот српски прволигаш кој го предводи, Нови Пазар.
По стартната победа на домашен терен, Нови Пазар на Драган Канатларовски донесе бод од гостувањето во Белград против Чукарички, а малку фалеше да се врати и со полн плен. Мечот беше тврд и двете екипи немаа многу зрели шанси. Во 72 минута Мијиќ ја доведе екипата на Канатларовски во водство, но само три минути подоцна Чукарички израмни благодарение на Бојиќ. Си граше грубо, со 7 жолти картони и без многу зрели шанси за гол. Во наредното трето коло, Нови Пазар в недела на 23 август од 17 часот го дочекува Раднички 1923. 

Нема коментара:

Постави коментар