Powered By Blogger

28. 8. 2014.

Фудбалерите и стручниот штаб го сакаат “Цермат„ а не анонимниот Габриел

ВО ПРЕСРЕТ НА ОДЛУКАТА ЗА ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР, ФУДБАЛЕРИТЕ И СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ПЕЛИСТЕР ГО КАЖАА СВОЈОТ СТАВ
Во пресрет на петочната одлука околу иднината на ФК Пелистер, фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер се изјаснија која страна ја сакаат.
Иако тие не одлучуваат за тоа која понуда е подобра, нивното мислење не е неважно. Очигледно битолчани играат на сигурно „домашна карта„

,,Доколку во Петок (29.08.2014 г.), клубот не го добие својот нов сопственик во домашната заинтересирана фирма ,,Цермат", а клубот му се остави во рацете на анонимецот Габриел Папанастасатос, донесена е одлука фудбалскиот клуб Пелистер да не допатува на следниот натпревар против Силекс во Кратово во Недела (31.08.2014 г.)" стои во информацијата од фудбалерите ис тручниот штаб лансирана преку социјалните мрежи. 

Нема коментара:

Постави коментар