Powered By Blogger

29. 8. 2014.

Пелистер верува во продолжување на гостинската серија

НА ТЕРЕНОТ НА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР БРКА ТРЕТА ПОБЕДА ПО РЕД
По две години повторно Пелистер ќе игра за првенствени бодови во Кратово и фактот што двете екипи мечот го дочекуваат во горниот дел на табелата влева оптимизам кај битолчани.
Затоа тренерот Марјан Секуловски и фудбалерите веруваат дека победите против Ренова и Работнички нема да застанат в недела. Гоце Тодоровски тренира со екипата, но нема да се ризикува со него и најверојатно ќе се врати за мечот со Шкендија по две недели. Интенцијата на битолската клупа е да го потврди тимот кој донесе шест бода во последните две кола, но се зависи од уморот и ситните повреди, бидејќи неколку фудбалери се жалат на напорите од претходните средби. „Првите кола покажаа дека Силекс игра хомогено и гледливо. Тоа мора да се респектира и да се цени. Но ние веруваме и во нашите можности и во Кратово одиме со нашите опции за бодови. Делуваме обединето и покрај сите проблеми и со тоа сметаме дека како и во Турново и во Тетово и на ова гостување има свои шанси да се вратиме со успех„ вели повратникот во тимот по повредата Владица Брдаровски. Ристевски, Трајковски, Љамчевски, Марковски конкурираат за три места во средниот ред, а одбраната која на три официјални натпревари не примила гол, нема да се менува.

Нема коментара:

Постави коментар