Powered By Blogger

13. 10. 2014.

Силен отпор, но сепак пораз на Младост од лидерот Вардар

ПРЕСТИЖЕН ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ ВО ОХРИД, НА КОЈ ВТОРОЛИГАШОТ МЛАДОСТ ГО НАМАЧИ СКОПСКИ ВАРДАР
Младост Царев двор - Вардар 0:1 (0:0)

Со погодокот на Филип Петров во 51 минута, лидерот во Првата лига, Вардар го совлада Младост во пријателскиот натпревар, кој се одигра во Охрид.
Иако само еднаш се затресе мрежата на „Атина Бојаџи“ двете екипи одиграа квалитетен и отворен натпревар со по неколку изгледни шанси. Тренерите на Вардар и Младост Царев двор им пружија шанса на сите фудбалери кои се најдоа на клупата и ја искористија паузата во шампионатот поради репрезентативните обврски.

Нема коментара:

Постави коментар